АНСАМБЛОТ БОЈМИЈА УШТЕ ЕДНАШ ГИ РАЗГАЛИ СРЦАТА НА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФОЛКЛОРОТ

WEB Телевизија во живо

Енергија, разиграност, сценска експресија, виртуозниот полет на македонскиот фолклор, уште еднаш го изнесоа на отворена сцена во Гевгелија , членовите на гевгелискиот фолклорен Амбасадор „Бојмија“ , на нивниот годишен концерт.
„Бојмија“, кои неодамна се вратија од успешната турнеја во Холандија, пред гевгеличани се претставија со дел од кореографските поставки од својот богат репертоар.Тресеница, Повардарие, Радовишки собор, Лазаренки, Малешевка, Поречки игри и Посеље,ги разгалија срцата на сите оние кои решија синоќешната празниќна вечер да ја поминат на платото пред Народниот театар.
Ансамблот „Бојмија“ работи од 2004 година а настанот беше во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелиско културно лето“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *