АНДОН САРАМАНДОВ: СО НОВОТО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО ВРЕДНО 105.000 ЕВРА СЕ ЗГОЛЕМУВА ВОЗНИОТ ПАРК НА ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА СО ШТО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ И ЕФИКАСНОСТА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ

WEB Телевизија во живо

ЃОКО КАМЧЕВ: ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА, НАБАВЕНИ СЕ ДВЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА ЗА ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА И ВАЛАНДОВО.
 
Денес, во кругот на ТППЕ Гевгелија беше извршено примопредавање на новото теренско противпожарно возило, марка „Форд“помеѓу претседателот на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов. По потпишувањето на договорите тие дадоа изјави за медиумите.
 
Градоначалникот Сарамандов истакна дека со ова ново возило добиено како резултата на прекуграничната соработка помеѓу Југоисточниот плански регион и Република Грција, во вредност од 105.000 евра, како и со претходно добиеното помало теренско возило-џип преку Дирекцијата за заштита и спасување, очекувам да се зголеми ефикасноста во справувањето со шумските пожари на ТППЕ Гевгелија. Впрочем ние, како локална самоуправа имаме обврска и во иднина да обезбедиме што подобри услови за функционирање на ТППЕ Гевгелија.
 
Директорот на ЈИПР; Ѓоко Камчев, за медиумите изјави:
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Центарот е проектен партнер во овој проект и го имплементира заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република С. Македонија. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. С. Македонија, Реф. Бр.CN2-SO2.4-SC044.
 
Во рамките на овој проект Центарот за развој на Југоисточниот плански регион набави две против пожарни возила за територијалните противпожарни единици во Валандово и Гевгелија.
Малиот камион за спасување ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица – Гевгелија која е одговорна и опфаќа простор од 3 општини во Југоисточниот регион, општина Гевгелија, општина Богданци и општина Дојран.
Возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица Валандово.
 
Во меѓувреме се направи модификација на проектот со што Центарот доби дополнителни средства и веќе во процедура е набавката на трето противпожарно возило кое ќе биде наменето за Територијалната противпожарна единица – Струмица. Ова возило ќе биде мал камион за спасување, исто како за ТППЕ Гевгелија. Со новата модификација исто така ќе бидат набавени и три дронови со сензорни камери кои ќе се користат за рано откривање и маркирање на пожарите на тешко пристапните места.
 
Југоисточниот регион се состои од само 10 општини и секогаш кога има поголем пожар во шумите многупати се зафатени најмалку две општини, затоа обично сите четири територијални противпожарни единици си помагаат со возила и човечки ресурси.
Имајќи го предвид ова, набавената опрема во рамките на овој проект ќе ги опслужува потребите на целиот регион.
Според студијата подготвена на барање на Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна на Европскиот парламент (2008), шумските пожари се најважната закана за шумите и шумските области во Јужна Европа, вклучувајќи го и географскиот опсег на програмската област.
 
Во РепубликаС.Македонија вкупната штета предизвикана од пожарите во периодот 2004-2013 година се проценува на околу 5,1 милиони евра. Покрај економските загуби, во 2012 година четири лица загинаа, а 12 лица беа повредени како последица на шумски пожари во нашата земја. Во Грција, шумските пожари во текот на 2018 година резултираа со 102 потврдени мртви, додека во летото 2007 година бројот на загинати изнесуваше 84 лица.
Република.Македонија во периодот јуни – септември 2021 година беше зафатена од повеќе шумски пожари. Во овој период, имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 ха површината под шума.
 
Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 м3, а износот на проценетата материјална штета изнесува 2.318.091.000 денари.
Промените во климата на балканскиот регион, исто така, се очекува значително да влијаат на фреквенцијата, големината и интензитетот на шумските пожари. Заедно со овој развој, постои зголемен ризик од пожари кои горат на периметарот на урбаните области, селата, фармите и туристичките центри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *