7 ГОДИНИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ ВО КОИ ЗАГИНАА 22 ЛИЦА

WEB Телевизија во живо

ПОЖАРНИКАРИТЕ И КОМУНАЛЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ ПРИТЕКНАА ВО ПОМОШ ВО СТАЈКОВЦИ ПО НЕВРЕМЕТО НА 6 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
 
Скопје, на 6 август 2016 година беше погодено од големо невреме со обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број сообраќајници, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број скршени и паднати дрвја. 
 
Силниот ветер достигна брзина од 72 до 80 км/час. Бројот на загинати лица кај населените места Стајковци, Сингелиќ и Економија изнесуваше 22. Општина Гевгелија беше меѓу првите која испрати помош во подрачјата погодени од невремето. 
 
Наредниот ден, на 7 август, екипи на Противпожарната единица и на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец„ отпатуваа во Скопје да земат учество во санирањето на последиците од катастрофалното невреме. Седумнаесет работника од ова претпријатие со четири возила,четири агрегати и четири водни пумпи, од утро до темница работат на испумпување на водата од домовите на поплавените граѓани, чистење на калта од домовите како и исфрлање на насобраното ѓубре и оштетената покуќнина.
 
Исто така, Општина Гевгелија организираше за Скопје испраќање и хуманитарна помош од граѓаните и компаниите на Гевгелија за помош на настраданото население од поплавите

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *