30-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 14 август 2023 година (понеделник), ќе ја одржи својата 30. седница, на којашто ќе расправа по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за период 1 јануари – 30 јуни 2023 година кумулатив. На престојната седница, предмет на расправа ќе бидат и Предлог- Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година и Буџетските програми за: изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици, уредување на градежното земјиште, финансирање програми и проекти од областа на културата и финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година.

Покрај тоа, на 30. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа и по Предлогот за измени и дополнувањата на Одлууката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија, Предлог-Одлуки за давање на времено користење на недвижна ствар во сопственост на Општина Гевгелија на правни лица и Годишните планови за вработување за 2024 година на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Како и по Предлог-Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Гевгелија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *