ЗАВРШИЈА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ДО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ПРДЕЈЦИ

WEB Телевизија во живо

Завршија градежните работи за изградба на новиот цевковод до населеното место Прдејци. Со изградба на овој крак во должина од 4.600 метри, Прдејци ќе се поврзе со градскиот резервоар, со што жителите на ова населено место ќе добијат квалитетно и навремено водоснабдување во текот на целата година. Покрај цевководот изградена е шахта со опрема која ќе го регулира доводот на вода во Прдејци, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов при одбележувањето на завршувањето на градбата на овој цевковод.

Овој цевковод, истакна Сарамандов, како и оној до населеното место Негорци, кој е во должина од 2.000 метри, и кој ќе биде исто така приклучен на градскиот резервоар, се дел од проектот „Програмата за водовод и канализација во Македонија, Фаза 2, набавка на работи за општина Гевгелија“, проект започнат во 2017 година, во времето кога локалната власт ја практицираше ВМРО-ДПМНЕ , а финансиран со грантот на КФВ банката во вредност од 32.000.000 денари, додека целиот проект е во вредност од 152.000.000 денари.

Со овој проект, освен овие два цевковода се реконструира и водоводната линија до Богородица во должина од 1.500 метри, изградба на атмосферска канализација долж целиот јужен дел на Гевгелија на потегот Динќут- Железничка станиц, како и на улиците „Никола Карев“ и „Серменинска“, со вкупна должина од 6.388 метри.
За 10 до 20 дена, потенцираше градоначалникот Сарамандов, очекуваме да завршат и изведбените работи на цевководот кон Негорци, кога и официјално ќе го пуштиме во употреба новиот вбодоснабдителен систем за двете населени места Прдејци и Негорци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *