ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИОТ ДОМ ВО БОГОРОДИЦА

WEB Телевизија во живо

Во Богородица, започна реконструкцијата на Младинскиот дом „Мите Танов Коми“. Во тек се подготвителните работи за реконструкцијата на овој младински дом, со којашто во предвидените рокови ќе бидат изведени повеќе градежни работи. Целта е да се изврши комплетно внатрешно и надворешно уредување на Домот во Богородица..

Вкупната сума на проектот изнесува 10.224.234 денари, од кои 2.044.847 денари се средства од Општинскиот буџет за 2023 година, а разликата се средства од Бирото за регионален развој. 

Имено, на Општина Гевгелија и беше доделен грант по успешната апликација на Јавниот повик за финансирање проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и развој на селата.
 
По финализацијата на проектот, конечно објектот ќе биде ставен во функција за одржување културно-уметнички активности, како и за одбележување настани од значење за Богородица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *