ЗА ОВАА ЕСЕН НАЈАВЕН ПОЧЕТОКОТ НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ БОГДАНЦИ – ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на Општина Богданци, Блажо Шапов, во интервју за регионалната телевизија ВИС најави реконструкција на патот Богданци-Гевгелија. Според него, проектната документација е веќе готова а од ЈП за Државни патишта добил известување дека за десеттина дена ќе биде објавена и јавната набавка.

„Со ова, изјави Шапов, сметам дека ќе се реши еден од големите проблеми, не само на граѓаните на општините Гевгелија и Богданци, туку и за сите учесници во сообраќајот кои го користат овој пат. Инаку, потенцираше Шапов, се работи за еден од најфреквентните патишта во Македонија, кој поврзува три гранични премини, ГП Богородица, ГП Дојран и ГП Ново Село.
 
Со неговата реконструкција, заврши градоначалникот, и со неговото проширување ќе се постигне поголема фреквенција на сообраќајот, побезбедно негово одвивање, како и поголем проток на економски производи.
Тој очекува, работите околу реконструкцијата на патот Богданци-Гевгелија да започнат во есенскиот период.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *