ЗА ДА МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БРЗАТА ПРУГА ОД УНГАРИЈА ДО ГРЦИЈА ПОТРЕБНО Е СЕГАШНИОТ КОРИДОР ДА СЕ ПОМЕСТИ 10 КИЛОМЕТРИ ИСТОЧНО ВО ОВЧЕ ПОЛЕ И ДА БИДЕ ОД МИЛАДИНОВЦИ ДО МИРАВЦИ

WEB Телевизија во живо

Македонија активно работи на приклучување кон изградбата на брзата пруга што ќе биде дел од железничкиот коридор 10. Македонското министерство за транспорт веќе го изработи текстот на меморандумот за соработка со српското министерство за транспорт.

Потпишувањето на меморандумот е почеток на реализацијата на овој проект. Потоа следуваат сите други активности и изработка на проектна документација, со што би се знаела и реалната вредност на изградбата на брзата пруга до Скопје, а подоцна и до Грција.
Станува збор за проект што е финансиран од Европската Унија, кој е дел од грантот од Инвестициски фонд за Западен Балкан, а проценетата цена на оваа инвестиција е 4 милијарди евра.

Во Македонија се предвидува сосема нова траса, бидејќи постојната не е соодветна како железнички коридор и инфраструктура за да се движат низ неа брзите европски возови. Коридорот 10 е по долината на реката Вардар. Проблем се кривините, кои ја определуваат брзината на железничкиот сообраќај. На оваа делница токму поради тоа не може да се зборува за брза пруга. За да имаме брза пруга, потребно е коридорот да се помести 10 километри источно, за да биде трасиран во Овче Поле, и таму ќе имаме брза пруга. Би требало да биде од Миладиновци до Миравци, а проценетата цена на оваа инвестиција е 4 милијарди евра – изјави Локвенец.
 
Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони. Самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, а голем дел од средствата би се исплатил како европски грант.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *