ВО СЕЌАВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР ТОДОВ

WEB Телевизија во живо

Поминаа 10 години од прераната смрт на Александар Тодов, Претседател на Советот на Општина Гевгелија во периодот од 2009 до 2013 година.

Како Претседател на Советот, во секојдневните ситуации, и како соговорник, Аце беше истиот-јасна и луцидна мисла, а во најсложените ситуации го бараше едноставното решение.

На сите оние кои ја имаа таа можност да го познаваат, и ден денес им недостигаат заедничките дружења, заедничките дискусии за многу интересни прашања, како од животот, така и од науката и политиката.
 
Аце беше секогаш со ведар дух, подготвен да помогне каде што може и колку што може, да најде добар збор за сите околу него.
Аце беше Човек,
Нека му е вечна слава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *