ВО КОЧАНИ ПРОМОВИРАНО 10-ТО ИЗДАНИЕ НА „МЕТРИЧКИ КАРВАН“-СВОЕВИДНА ГЕОГРАФСКА КАРТА НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА

WEB Телевизија во живо

Во организација на ЈОУ Библиотека ,,Искра” – Кочани, во склоп на празничната програма на Општина Кочани, по повод Петровден, празникот на градот, на 13.07.2023, беше промовирано 10-то јубилејно издание на ,,Метрички карван” Гевгелија-Кочани во издание на ЈОУ Библиотека – Гевгелија.
 
Во збирката се застапени необјавени стихови од гевгелиските и кочанските поети: Васил Тоциновски, Јосип Коцев, Пепи Стамков, Стефчо Стефанов, Катерина Гогова, Жаклина Атанасова, Јадранка Клисарова, Димитар Арнаудов, Лилјана Пецова – Илиеска, Моника Игевска Ризова, Олгица Ќурчиева (Гевгелија), Доне Донев, Жаклина Михајлова, Љубинка Донева, Аника Илијевска-Ѓорѓиева, Ленче Стоименова, Љубинка Давидовска, Соња Драгољуб Гиздавиќ, Марина Гоцевска, Билјана Ѓорѓиева Гаврилова, Ставре Јанев и Андреј Јанков (Кочани).
 
„Претставува огромна чест и посебно задоволство што кочански автори се дел од 10-то издание избор поезија „Метрички карван“ во која се застапени автори од Гевгелија и Кочани“, рече промоторот и рецензентот доц д-р Ана Витанова Рингачева..
 
Уредници на книгата се м-р Стефан Марковски, проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Славчо Ковилоски. Низ програмата водеше проф. Доне Донев, а настанот беше збогатен со изведби на клавир од младиот, талентиран и повеќепати наградуван Јован Цветанов, ученик во ОМУ ,, Ристо Јуруков”-Кочани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *