ВО ГЕВГЕЛИЈА, ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН, ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ПОВИЦИТЕ ВО БРЗАТА ПОМОШ

WEB Телевизија во живо

Поради топлотниот бран што ја зафати земјата со многу високи температури од портокалова фаза, бројот на повици кон службата за Итна медицинска помош при Општата болница со проширена дејност Гевгелија е двојно зголемен во однос на периодот пред температурите да се зголемат.
 
Ако за последните три дена имало 34 теренски повици, во истиот период од месец јуни 2023 година, тој број изнесувал 17.
Како што информираше за ТВ Нова 12 др. Златко Трајков, од Итната медицинска помош, граѓаните се јавуваат како за интервенции така и за совети.
 
Се јавуваат луѓе со хронични болести поради влошена состојба, главно тоа се срцево болни со кардио-васкуларни заболувања, гастро ентероколити, хипо и хипертензии, хипогликемија, мозочни удари, вртоглавици, алергии и главоболки. Меѓу пациентите има и помлади и постари со сончаница, поради предолго изложување на сонце, што доведува и до дехидратација, истакнува д-р Трајковски кој советува во вакви екстремно високи температури организмот што почесто да се рехидрира..
 
Тој истакна дека персоналот од Итната медицинска помош вложува максимални напори да излезат во пресрет со кадар и опрема и навремено да интервенираат. Од понеделник до петок дежурна е една екипа на Итната медицинска помош, поради тоа што работат матичните лекари, додека за време на викендите дежурни се две екипи, од кои една е теренска а другата амбулантна.
 
Лекарите од Итната медицинска помош во Гевгелија препорачуваат да не се излегува надвор во периодот од 10 до 17 часот, па и до 19 часот за постарите и хронично болните, престојот на отворено да се сведе на минимум, да се најде можност да се оди под сенка. Граѓаните треба да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да е коритат заштитни очила и капа, како и крем со висок заштитен фактор. Хронично болните редовно да ја користат терапијата, а генерално граѓаните да внесуваат поголема количина течност, особено вода и да консумираат лесна храна базирана на овошје и зеленчук.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *