ВО АКЦИСКА КОНТРОЛА КАЗНЕТИ 16 ВОЗАЧИ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПОРАДИ ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ

WEB Телевизија во живо

Во СВР Струмица вчера била спроведена засилена контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената, при што констатирани се 64 прекршувања на ограничувањата за брзина.
Како што информираат од МВР, од нив, 20 прекршоци се на подрачје на Струмица, 16 во Гевгелија, 15 во Валандово и 13 на подрачје на Радовиш. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
-Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *