ВО 1954 ГОДИНА ПАДОБРАНЕЦОТ НА АЕРОКЛУБОТ „ГЕВГЕЛИЈА“ ЉУБИНКО АТАНАСОВСКИ БЕШЕ ВТОР НА ПРВЕНСТВО НА ЈУГОСЛАВИЈА ВО ОХРИД

WEB Телевизија во живо

Двигатели на авиосообраќајот по војната во Македонија биле аероклубовите. Првиот аероклуб во Скопје е формиран 1923 година и тогашните полетувања и слетувања биле на Зајчев Рид. Во есента 1953 година, Владимир Трајковиќ, син на Александар Трајковиќ, првиот скокач со падобран на територијата на денешна Македонија, го формира гевгелискиот аероклуб.

Тој станува моделар, едриличар, моторен пилот, потоа почнува да се занимава и со падобранство, ги тренира и гевгелиските падобранци кои се натпреваруват и постигнуват добри резултати. Во 1954 година во Охрид се организира државно првенство на ниво на СФРЈ, а второто место на тоа првенство го освојува Љубинко Атанасовски падобранец од аероклубот од Гевгелија.

Она што е уште поинтересно е што во изборот на најдобрите спортисти на Македонија што официјално прв го започна весникот „Нова Македонија“ во таа 1954 година , спомнатиот падобранец од Аеро клубот Гевгелија, Љубинко Атанасовски, со тој резултат во падобранство во Охрид, е избран во 10-те најдобри спортисти во Македонија, во конкуренција на голманот Благоја Видиниќ, скијачот Рефик Јахја,велосипедистот Александар Кулевски, фудбалерот Славко Дацевски, и боксерот Миле Андреевски.

Андон Стојчев, нашиот сограѓанин, во својата монографија, по повод 30 годишнината на овој Аероклуб, ќе запише дека во Аероклубот Гевгелија имало падобранска, едриличарска и секција за воздухопловно моделарство. Тој се запишалтокму во оваа секција и, под будното око на професорот по ОТО, Орце Попов, започнал да ги изработува своите први воздухопловни модели. Од постарите моделари, Стојчев ги спомнува Арџанов Глигор, Алексов Димитар, Тодор Петров, Ристо Ангов, Вили Арнаудов, и Петко Петков, кој со Арџанов Глигор, Ангел Чанев, Коста Велков, Ванчо Николов, биле и падобранци.

Членовите на АЕРО клубот во екипна но и во поединечна конкуренција повеќепати биле меѓу најдобрите во републиката но и на натпреварувањата кои се одржуваа во сите републики на поранешната држава. Аеро Клуб Гевгелија на републичкиот натпревар во Битола во 1969-та година го претставувале Мите Илиев, Костадин Илиев, Серафим Илиев, Глигор Арџанов,Димитар Танелов, Иван Карајанов, Михаил Ампов, Андон Стојчев и Димитар Алексов

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *