УСПЕШЕН НАСТАП НА ШЕСТ УЧЕСНИКА ОД „ЕВРОПОРТА-ФЕСТ“ НА ФЕСТИВАЛ ВО ВЕЛИНГРАД, РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

WEB Телевизија во живо

6 учесника на минатогодишниот Музички фестивал „Европорта- Фест“, под менторство на музичкиот педагог Маја Зафирова, учествуваа на годинашниот 13. Меѓународен фестивал за млади изведувачи на популарна музика и танц „Виножито над Клептуза“, којшто се одржа во Велинград, Република Бугарија. По престојот и успешното претставување, групата се врати со освоени високи награди. 

Имено, Ања Поп-Костова и Слободанка Арнаудова ја освоија првата награда „Златен медал“ и Ивана Коколанска втората награда „Сребрен медал“ во категоријата соло- изведба. Додека, во категоријата дуети, Анастасија Зафирова и Ања Поп-Костова се добитници на третата награда „Бронзен медал“. Ангела Зафирова и Билјана Дуева имаа успешни настапи. 

Со освоените награди од учеството на Меѓународниот фестивал во Бугарија, Здружението „Внимание“- Гевгелија уште еднаш ја оправда поддршката од Општина Гевгелија преку Програмата за активностите од областа на културата за 2023 година. 

Инаку, Меѓународниот фестивал за млади изведувачи на популарна музика и танц „Виножито над Клептуза“ е во организација на Општина Велинград, со главна цел да се зајакне музичката култура кај младите и да се создадат пријателски односи и размена на добри практики меѓу учесниците од различна верска и етничка припадност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *