„TRIO GENTLEMEN“ СО ЉУБОВНИ ТЕМИ ЌЕ НАСТАПАТ НА „ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2023“

WEB Телевизија во живо

Дом на култура „Македонија“, во понеделник, на 10 јули 2023 година, на платото пред Народниот театар, организира концерт на познатото „Трио Џентлмен“. Концертот ќе започне во 21 часот, а љубителите на популарните љубовни песни ќе може да ги слушнат познатите теми:
 
One night only , The man you love, Regresa a mi, Beautiful Maria, Historia de un amor, Piensa en mi, Quisaz, Volare, Lasciate mi, O sole mio, Bella ciao , Conte partiro, Штом ноќта помине и Штом се сака
Трио Џентлмен е музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев- тенор, Кристијан Антовски- баритон и Јане Дунимаглоски- тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција.
 
Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *