СО РЕЦИТАЛ ОД ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ „ТРБА ТРБИ ГЕВГЕЛИСКО“ ЗАПОЧНА ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО.

WEB Телевизија во живо

Убав почеток на културното лето во Гевгелија. Присутните на платото пред Народниот театар во Гевгелија, во петокот, на 30 јуни, имаа можност да уживаат во настапот на учениците од драмската секција при „Дом на култура“ Гевгелија.
Македонските народни песни се огледало на умствениот живот на нашиот народ. Во нив е исткаена борбата за слобода, среќните и тажните моменти во животот на луѓето, љубовта во сите нејзини облици, како и вербата и надежта за подобар живот.
 
Со таква приказна од македонски изворни песни ни се претставија децата од драмската група при ЈОУ Дом на култура „Македонија“ Гевгелија. Под менторство на Катица Џишева Дупарова ги чувме
Со маки сум се родила – Катерина Јовановска, придружба – Јована Дупарова (клавинова)
Ако имаш срце – Тања Делева
Јовано Јованке – Деспина Дуганова, придружба – Ана Димитрова (флејта), Јована Дупарова (клавинова)
Давај ме мила мамо, давај ме – Елена Анчева
Ој Јано, Јано – Костадин Узунов, Деспина Дуганова
Леле Јано – Мартина Ѓоргиева, Ана Марија Андонова
Распукала Шар Планина – Ана Димитрова, Јована Дупарова, придружба Мартин Илиев (тапан)
Слушам кај шумат шумите – Костадин Узунов
Болен ми лежи Миле Поп Јорданов – Илија Пандов
Зајди, зајди – Јована Дупарова, придружба Ана Димитрова (вокал), Катерина Јовановска, Мартина Ангелкова (кореографија, оро)
 
Кога падна на Пирина – Ана Димитрова, Стефан Милиќевиќ, Илија Пандов, Михаела Крантова, Костадин Узунов
Ја излези Ѓурѓо–Марија Илкова, придружба Ана Димитрова, Јована Дупарова (вокали), Мартин Илиев (тапан)
Трба трби гевгелиско – Костадин Узунов и сите учесници
Во духот на нашиот град, во подготовката на манифестацијата помогнаа наставниците Влатко Сапламаев, Александар Лазаров и директорСузана Стефанова одООМУ „Васо Карајанов“;наставник Крсте Делев и директор Ружица Икономова одООУ „Владо Кантарџиев“, етнокореолог Силвестер Проле за адаптација на оро, Мартина Ангелкова за учество во истото; Андреј Проданов и Ансамбл Бојмијаза народна носија; ликовен уметник Александар Јанев за сценографија; наставник по ударни инструменти Момчило Делев и неговиот ученик Мартин Илиев.
 
Песната е создадена за да живее. Со секоја нејзина интерпретација ние ја чуваме од заборав, и даваме вечност, го чуваме и нашето минато, нашиот идентитет. Затоа таа јунска вечер трба трбеше гевгелиска!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *