СЕ ОДРЖА ВЕЧЕР НА АФОРИЗМИ – ГОСТИТЕ ПОНУДИЈА СВЕЖИ АФОРИЗМИ,ДОМАЌИНИТЕ СЛАТКО ОД СМОКВИ И МНОГУ АПЛАУЗИ

WEB Телевизија во живо

На 12 јули (среда) во 19:00 часот во рамки на Гевгелиско културно лето, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија организираше Вечер на афоризам, на која свое учество зедоа учесници од Велес, Кочани и Струмица.
 
На настанот кој се одржа под отворено небо, пред градската библиотека, свои афоризми читаа : Атанас Крлевски (Велес), Кире Василевски (Велес), Ружа Стоилова (Кочани), Ленче Стојменова (Кочани), Јане Атанасов (Кочани), Ацо Ѓорѓиев (Струмица) и Ристо Филчевски (Струмица).
 
Водителка на настанот беше Јасмина Ѓорѓиева, а настанот со својата музика го збогати Теодора Гошева Капсарова.
 
Еве еден од афоризмите:
Кога го прашаа каква риба сака , пржена или на скара? Тој одговори
-На песок
Доколку сакате повеќе, повелете на ФБ страната Афористичка репрезентација на Македонија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *