РИСТО ЧАЛКОВ ВТОР НА 10 КИЛОМЕТРИ НА ТРЕИЛ ТРКА ВО СУРИНАМ, ЈУЖНА АМЕРИКА

WEB Телевизија во живо

Членот на АК „7-ми Ноември“, Ристо Чалков и во Суринам, каде што живее и работи, продолжува да се натпреварува во трчање, и да постигнува одлични резултати. Како што вели самиот, љубовта и страста кон трчањето не го напуштаат и во Јужна Америка.
Тв Нова 12 е во постојан контакт со Чалков, и денес тој не информираше дека на „Cabenda Savanna Race“, втората од четирите трки на 10 километри, кои ги организира Tigri Endurance Sports Club, го освоил второто место.
 
По првата трка, во Берилин, Ристо со освоеното петто место заработи 22 бодови, и со сегашните нови 38, тој има 60 поени и се наоѓа на високото второ место во генерален пласман.
До крајот на натпреварувањето TESC Savanna Champion 2023, остануваат уште две трки, во август и септември, а Ристо вели дека ќе даде се од себе да постигне што подобар пласман.
Се работи за исклучително напорна трка по тежок терен, на која учествуваа над 90 тркачи, по каллив и влажен терен и лоши временски услови.
 
TESC Savanna Run Series 2023 се состои од четири трки. За секоја трка, најдобрите 20 мажи и 20 најдобри жени ќе добиваат поени за целокупниот шампионат. Мажот и жената со најмногу поени на крајот од серијата ќе бидат крунисани за TESC Savanna Champion 2023!
Спортскиот клуб Tigri Endurance (TESC) е основан во 2017 година од група спортисти на издржливост. , чија главна цел е да промовира спортови на издржливост во Суринам.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *