РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија, со цел да ги стимулира жителите на Општина Гевгелија да користат велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2023 година, ќе им надомести дел од трошоците во износ од 5.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето се до исцрпувањето на предвидените буџетски средства за оваа намена .

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето, односно по принципот ,,прв дојден прв услужен“.

На Јавниот повик може да учествува лице кое ги исполнува следните услови:
-да е полнолетен жител на Општина Гевгелија;
-да е платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее;
-во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање на ваков вид на субвенција.

Право на субвенционирање имаат лицата кои велосипедот го купиле во периодот од 1 април 2023 година се до моментот на исцрпување на средствата. Барањата кои ќе бидат некомплетни и поднесени после истекот на рокот утврден во јавниот повик ќе бидат одбиени или отфрлени со решение на Градоначалникот на Општина Гевгелија со образложение на причините за тоа.
 
Лицата кои добиле надоместок за купување на велосипед во претходната година, немаат право да учествуваат на јавниот повик и нивните барања ќе бидат отфрлени. Барањата со потребната документација се доставуват во просториите на Општина Гевгелија секој работен ден од 08-16 часот, почнувајќи од 17.07.2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *