ПРОТЕСТ ВО СТРУМИЦА ПРОТИВ РУДНИКОТ НА СМРТТА ИЛОВИЦА-ШТУКА

WEB Телевизија во живо

Со блокирање на централната крстосница во Струмица, еколошките здруженија „Здрава Котлина“ од Струмица и Еко Долина од „Ново Село,“ активисти и граѓани од Струмичко и од Југоисточниот регион денеска гласно го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите експлоатација на минерални суровини на локалитети во општините Босилово и Ново Село за отворање рудник.
 
Заради заштита на јавниот интерес, здравјето на луѓето и животната средина, тие, од протестот испорачаа четири барања:
Итно и неодложно одземање на споената концесија за рудникот Иловица-Штука. Разрешување на претседателите на Управен суд и на Виш управен суд. Одговорност од сите одговорни лица од Владата и од надлежните министерства што биле вклучени во процесот на спојување на концесиите. Државната комисија за спречување корупција да поведе постапка за испитување на делувањата и релациите помеѓу сите вклучени одговорни лица.
 
Ги повикуваме сите граѓани, граѓански организации и институции да дадат поддршка за нашата борба против отворање на рудникот Иловица-Штука, но и за сите опасни рудници за металични суровини среде плодни полиња и раскошни природни убавини со чисти планински реки. Во Македонија нема место за големите апетити на рударскиот бизнис!
НЕ за рудникот на смртта Иловица-Штука, беше главната порака од протестот!
Протестот го поддржаа над 60 невладини организации, здруженија и професори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *