ПРОГРАМАТА СО ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМОВИ ВО РАМКИТЕ НА „53.ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ЗАВРШУВА СО ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ЛАЗАРЕНКИ“

WEB Телевизија во живо

Програмата со етнографски филмови, се реализира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, а на 26 јули, односно на денот на завршувањето ќе биде емитуван и документарецот „Лазаренки“ на Силвестер Проле, проект реализиран под покровителство на Општина Гевгелија. Овој филм, во рамките на Гевгелиското културно лето имаа можност да го видат и гевгеличани, во организација на Дом на култура „Македонија“.
 
Проектот „Лазаренки“е во продукција на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ и е дел од програмата за реализација на проекти во областа на културата за 2023 година на Општина Гевгелија, којашто воедно е и покровител на проектот. Во филмската адаптација се прикажани обредите и обичаите кои се поврзуваат со празникот Лазарева сабота, една недела пред големиот христијански празник Велигден.
 
Иницијативата во рамките на фестивалот да заживее и филмот како медиум, го создаде минатата година и Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој годинава се одржува по втор пат и носи 21 филмски наслов од 19 земји. Селектор на фестивалот е познатиот македонски новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски и кој заедно со својата сопруга таму организираат фестивал кој ги надмина нивните национални граници.
 
На средбата со новинарите селекторот Тони Гламчевски истакна:
„Втора година по ред, овој интердисциплинарен фестивал претставува голема средба околу етнографскиот филм. Тоа им овозможува на различни, често далечни култури и традиции да се сретнат, да разговараат и да размислуваат за етнографијата и предизвиците низ кои минува општеството. Ова е со цел да се поттикнат истражувачки и креативни пристапи во етнографските документарни филмови, да се едуцира публиката за богатството и различноста на локалните културни традиции, како и да биде глас на совеста за проблемите на современите општества предизвикани од потценувањето на вредноста на културното наследство.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *