ПРОФ. Д-Р СЛАВЧО КОВИЛОВСКИ- МАКЕДОНСКИТЕ ДЕВОЈКИ ОД 19 ВЕК СЕ ШКОЛУВАЛЕ ВО РУСИЈА, КУКУШ, СОЛУН, ПРИЛЕП И БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

Библиотеката „Гоце Делчев“ организираше предавање на тема „Историја на македонските жени во 19 век“. Предавач беше еминентниот професор д-р Славчо Ковиловски, а предавањето, кое беше во рамките на Гевгелиското културно лето, се одржа во малата сала на Народниот театар во Гевгелија.
 
Откриена историја или историја на македонските жени во 19 век е предавање на проф. д-р Славчо Ковилоски од Институтот за македонска литература (ИМЛ), чија цел е да ги презентира познатите и непознатите македонски жени коишто оставиле своја трага во книжевноста, во образованието, во револуционерното движење, односно во јавниот живот во Македонија во 19 век.
 
Дел од овие учителки, револуционерки, богати граѓанки и сиромашни селанки оствариле значително влијание на просторот на кој живееле и делувале. Скриената историја што се наоѓа во македонските и странските архиви ни овозможува да се запознаеме со нивните животи, односно со нивните надежи, барања, стравови, очекувања, желби, радосни мигови и трагедии.
 
Оваа монографија е прв труд од ваков вид во Македонија. Славчо ја истражува улогата на македонската жена во 19 век, век во кој жената минува низ процес на преминување во субјект.
Жените сакаат да се школуваат и затоа се отворале женски училишта. Македонските девојки се школувале најпрво во Русија а потоа во 60-те години на 19 век се отвориле училишта и во Кукуш, Солун, Прилеп, Битола.
 
Во оваа група жени се споменати: Митра Миладинова, Сирма војвода, Славка Динкова, Јанка Каневчева, Евтимица Јанчева, Анастасија Милошова, жените од фамилијата Робевци и други. Во книгата се спомнуваат и голем број народни пејачки од сите краеви на Македонија, Дафина од Серско, Парашкева Сирлешчева од Банско, Депа Каваева од Струга, Ѓурѓа Котева од Прилеп, Илина Везинковска од Крушево, Арса Стрезова од Охрид.
 
Предавањето, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, се одвиваше преку архивски материјали, односно фотографии, писма и написи во тогашниот печат кои ги прикажуваат најразличните аспекти од животите на македонските жени во овој период.
 
Овие материјали се сведоштва дека македонските жени не биле само неми проследувачи на настаните, туку дека активно се вклучиле во одредување на својата судбина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *