ПРОЕКТОТ „ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА СИТЕ“ ЗАПОЧНУВА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија започнувајќи од 1 јуни 2023 година, па до 31 мај 2024 година во Општина Гевгелија ќе го спроведе проектот насловен „Еднакви права за сите“. Бидејќи дискриминација и родово базираното насилство претставува најраспространета форма на кршење на човековите права, сметаме дека постои потреба од ваков проект за подигање на јавната свест и менување на ставовите кои ќе доведат и до промена во однесувањето.
Цел на проектот е подигање на јавната свест, препознавање и соодветен одговор и третман на родово базираната дискриминација како превенција од родово базирано насилство во Општина Гевгелија. Причина за имплементација на овој проект е зголемениот број на пријавени случаи на семејно насилство во институциите кои ја третираат оваа област. Родово базираното насилство во сите негови форми е секојдневие во земјава и светот.
Во Северна Македонија речиси половина од жените (45%) доживеале некаква форма на насилство од интимен партнер (физичко, психичко или сексуално) додека секоја трета жена доживеала сексуално вознемирување. Повеќе истражувања и анализи во последните години покажаа дека во нашето поднебје се уште доминираат стереотипните традиционални верувања за местото и улогата на мажите и жените во домот и општеството кои претставуваат пречка за напредокот на жените во речиси сите сфери на приватниот и јавниот живот.
Мажите сеуште се сметаат доминантни во приватниот и јавниот живот, додека од жените се очекува да ги стават сопствените потреби и амбиции на лично и професионално поле на второ место и да се посветат пред се на домаќинството. Се уште постои значителна бројка жени (околу 37%) кои сметаат дека жената треба да му се покори на сопругот дури и ако таа не се согласува и слична бројка на жени кои сметаат дека е важно мажот да ѝ покаже на жената кој е главен. Исто така секоја трета жена се сомнева во исказите на други жени што пријавиле насилство.Податоците покажуваат дека повеќе од 80% од жртвите на семејно насилство се жени.
Покрај релевантните институции кои ќе бидат вклучени во проектните активности, ќе работиме и со младата популација од 15 до 18 години во општината заради препознавање и превенција на секаков вид насилство и дискриминација, како и механизми за заштита на младите во школската средина и надвор од неа. Младите се силата на заедницата, бидејќи тие ги иницираат промените и од нив зависи иднината на заедницата. Затоа е важно да бидат информирани и активно вклучени во заедницата како би можеле да развијат граѓански компетенции. Тие се во период кога ги градат своите вредности и ставови, па преку овој проект ќе придонесеме во подигање на нивната свест и надминување на штетните родови предрасуди и стереотипи.
На тој начин момчињата и девојчинњата се поттикнуваат да ги изразуваат своите потреби и желби, како и нивните креативни идеи и таленти за решавање на актуелните социјални прашања како што се дискриминацијата, врсничкото насилство, насилството во интимните врски, насилството на социјалните мрежи, говорот на омраза и сл.
Ќе работиме исто така и со руралното население во општината, за дискриминацијата која е присутна насекаде, како и законската регулатива и институциите каде може да се пријави секаков вид насилство и дискриминација. Со еднодневни работилници ќе се обидеме претставниците на лицата со посебни потреби и граѓанските организации да ги информираме и да ги зајакнеме нивните капацитети.
Проектот ќе биде медиумски покриен во локалните медиуми и пошироко со намера да се актуализира оваа појава во општината и на тој начин се зајакне свеста на целокупното население. Се надеваме дека предвидените активности ќе ја постигнат нашата цел и во иднина ќе имаме намален број случаи на насилство и дискриминација.
Проектот „Еднакви права за сите“ на ЗГ Поддршка од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Еднакви права за сите“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.
Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија започнувајќи од 1 јуни 2023 година, па до 31 мај 2024 година во Општина Гевгелија ќе го спроведе проектот насловен „Еднакви права за сите“. Бидејќи дискриминација и родово базираното насилство претставува најраспространета форма на кршење на човековите права, сметаме дека постои потреба од ваков проект за подигање на јавната свест и менување на ставовите кои ќе доведат и до промена во однесувањето.
Цел на проектот е подигање на јавната свест, препознавање и соодветен одговор и третман на родово базираната дискриминација како превенција од родово базирано насилство во Општина Гевгелија. Причина за имплементација на овој проект е зголемениот број на пријавени случаи на семејно насилство во институциите кои ја третираат оваа област. Родово базираното насилство во сите негови форми е секојдневие во земјава и светот. Во Северна Македонија речиси половина од жените (45%) доживеале некаква форма на насилство од интимен партнер (физичко, психичко или сексуално) додека секоја трета жена доживеала сексуално вознемирување.
Повеќе истражувања и анализи во последните години покажаа дека во нашето поднебје се уште доминираат стереотипните традиционални верувања за местото и улогата на мажите и жените во домот и општеството кои претставуваат пречка за напредокот на жените во речиси сите сфери на приватниот и јавниот живот. Мажите сеуште се сметаат доминантни во приватниот и јавниот живот, додека од жените се очекува да ги стават сопствените потреби и амбиции на лично и професионално поле на второ место и да се посветат пред се на домаќинството. Се уште постои значителна бројка жени (околу 37%) кои сметаат дека жената треба да му се покори на сопругот дури и ако таа не се согласува и слична бројка на жени кои сметаат дека е важно мажот да ѝ покаже на жената кој е главен. Исто така секоја трета жена се сомнева во исказите на други жени што пријавиле насилство.
Податоците покажуваат дека повеќе од 80% од жртвите на семејно насилство се жени.
Покрај релевантните институции кои ќе бидат вклучени во проектните активности, ќе работиме и со младата популација од 15 до 18 години во општината заради препознавање и превенција на секаков вид насилство и дискриминација, како и механизми за заштита на младите во школската средина и надвор од неа. Младите се силата на заедницата, бидејќи тие ги иницираат промените и од нив зависи иднината на заедницата.
Затоа е важно да бидат информирани и активно вклучени во заедницата како би можеле да развијат граѓански компетенции. Тие се во период кога ги градат своите вредности и ставови, па преку овој проект ќе придонесеме во подигање на нивната свест и надминување на штетните родови предрасуди и стереотипи. На тој начин момчињата и девојчинњата се поттикнуваат да ги изразуваат своите потреби и желби, како и нивните креативни идеи и таленти за решавање на актуелните социјални прашања како што се дискриминацијата, врсничкото насилство, насилството во интимните врски, насилството на социјалните мрежи, говорот на омраза и сл.

Прегледи: 433