ПО ШЕСТ ДЕНА ПАУЗА ПОВТОРНО ТРГНА УТРИНСКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

УКИНАТИ 10 ПОСТОЈКИ МЕЃУ НИВ И СМОКВИЦА, НОВА СМОКВИЦА И МИЛЕТКОВО.
 
По шест дена пауза, од утрово повторно е во сообраќај патничкиот воз од Скопје за Гевгелија, кој тргнува во 6:23 часот, како и попладневниот од Гевгелија за Скопје кој тргнува во 16:55 часот, ни рекоа од ЈП МЖ Инфраструктура, без да одговорат зошто шест дена овој патнички воз не сообраќаше.
 
Од ЈП МЖ Инфраструктура објаснија дека и натаму е во важност ограничувањето на брзината на возовите на релацијата Скопје -Велес и обратно. Причина е што во рокот, кој сами си го дадоа не успeале да извршат санација на оштетениот дел од пругата од Велес до Кадина Река.
 
Од почетокот на месецов, Македонски железници АД транспорт, укина десет железнички постојки- стојалишта. Причината е што нивната анализа покажала дека многу мал број патници ги користат за патување. Тоа се стојалиштеата Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *