ПЕТМИНА ЧЛЕНОВИ НА ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ УЧЕСТВУВАА НА ДВОДНЕВНИОТ ВЕЛО-ФЕРСТ ВО КОНЧЕ И МАНТОВО

WEB Телевизија во живо

На Езерото Мантово во општина Конче изминатиот викенд се одржа дводневниот велосипедски настан Авантурите на Конче и Мантово.На овој интересен настан учествуваа над 200 велосипедисти од земјата., меѓу кои и членовите на Гевгелија точак клуб, Александар Крајчев, Лазар Петров, Васе Караташев, Ангел Стојанов и Иван Петров.

Се одржаа две велосипедски тури, кои ќе бидат надополнети со интересна програма. Учесниците кампуваа на брегот на езерото, имаше саем на локални производи и културно уметничка програма составено од настапи на фолклорни ансамбли, диџеј и бенд во живо.

Главната велосипедска тура беше во должина од 56 километри, по маркирани патеки низ природните предели на општината Конче кои за прв пат им станаа достапни на посетителите на настанот.

Настанот беше наменет за сите оние кои рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планинско-ридски предели и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на возење.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *