ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ТРЕБА ДА ДОБИЕ 664.644 ЕВРА ОД ЗАЕМОТ НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОДНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

WEB Телевизија во живо

Заемот од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за подобрување на водната инфраструктура ќе им се распредели на општините и на Градот Скопје, а ќе се отплаќа од Буџетот на Република Македонија, изјави министерката за животна средина Каја Шукова.
 
– Mинистерството за животна средина и просторно плaнирање (МЖСПП) со секоја општина ќе склучува договор за донација, а средствата ќе се распределуваат по утврдена методологија за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни, канализациски системи, пречистителни станици и опрема. Сметам дека оваа распределба ќе обезбеди поттикнување на развојот и подобрување на социјално-економскиот параметар во сите општини, како и подобрување на животната средина и здравјето на населението, рече Шукова.
 
Според бројката на аплицирани проекти, Општина Гевгелија треба, од овие средства, да добие над 600.000 евра. Според Шукова, распределбата е развојна, бидејќи 46 општини ќе добијат средства меѓу половина и еден милион евра, на 28 општини ќе им се доделат средства под 500 илјади евра, додека шест општини ќе добијат повеќе од еден милион евра. Формирана е проектна единица за имплементација во мај, објавени се два јавни повика за изразување интерес за експерти во единицата, формиран е проектен тим во МЖСПП за имплементација на проектот, а направена е и првична анализа на листата на предлог-проекти согласно утврдените критериуми

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *