ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ А ПО ПОВОД ТОПЛОТНИОТ БРАН

WEB Телевизија во живо

Нашата држава деновиве е зафатена од топлотен бран, а екстремно топлото време ќе продолжи и во наредните денови.
 
Поради тоа, Општина Гевгелија упатува апел до граѓаните, особено оние хронично болните и повозрасните и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот и да пијат што повеќе течности.
 
Исто така, граѓаните да внимаваат при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации,и да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
 
Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, посебно при палење на стрништата да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.
 
Ги замолуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или чад, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193 или 034/211-881.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *