НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 916 ГОДИНА ВО ОХРИД СЕ УПОКОИЛ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

WEB Телевизија во живо

На 27 јули во 916 година во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден е околу 830 – 840 година.
Во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како Прв словенски универзитет, од кој излегле 3.500 ученици.
Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, во црквата Св. Климент Охридски во Скопје и во Поречкиот манастир.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *