НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1942 ГОДИНА БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР ГО УБИ ЦВЕТАН ДИМОВ, НАРОДЕН ХЕРОЈ.

WEB Телевизија во живо

Како секретар на МК на КПЈ во Скопје (од почетокот на 1942), работел на формирањето на Првиот скопски партизански одред, до што дошло на 17 септември 1942 година. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. Но, набрзо, во почеток на јули, по една провала е уапсен.
 
По тешки измачувања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа. Набрзо починал во бессознание во затворското одделение на скопската болница. Бугарската полиција кажала дека Димов се „самоубил“.
Во негова чест, денес едно основно училиште и едно средно училиште во Чаир го носат неговото име. Во 1968 година куќата во Чаир, на улица „Јајце“, во која живеел и работел Цветан Димов, била прогласена за културно наследство, но денес оваа куќа повеќе не постои.
 
За народен херој е прогласен на 29 јули 1945 година.
Цветан е син на Ѓорѓија и Коца Димови, сиромашно скопско семејство кое живеело во Чаир. Семејството се занимавало со градинарство, но често работеле на туѓи земјишни поседи. Цветан своето основно образование во започнал во Скопје. Поради сиромаштијата Цветан го прекинува образованието и се насочува на занает.
 
Пред Втората светска војна работел како шивач и истакнат работнички организатор во Скопје, организирајќи разни штрајкови. Во 1926 е примен за член во СКОЈ, од 1928 година бил синдикален активист, а во 1933 година станал член на КПЈ. Тој се покажал како добар организатор и се јавува како еден од иницијаторите за основање на културноуметничкото друштво „Абрашевиќ“.
 
Во 1936 година Димов станал член на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје а во 1939 година станал член на Месниот комитет на КПЈ, на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија (од летото 1939 година) и секретар на Покраинскиот одбор на Црвената помош (1939). Како член на партиските органи, Димов добива поголем број задачи кои ги исполнува успешно и конспиративно. Тој пронаоѓал различни начини и методи за активација на населението и привлекување на работниците. Димов организирал излети во и околу Скопје. Оваа нова форма на масовни собирања, покрај културно-забавниот карактер, биле користени и за целите на работничките движења.
Така, во очите на власта, Димов бил голем непријател и борец против власта.
 
Сепак, тој не застанал со своите активности, па така, организирал големи протести против изборите во Југославија. Тие протести биле посетени од илјадници работници. Последователно на протестите се појавиле поголемиот број штрајкови во Скопје. Најголем од штрајковите бил штрајкот на металските работници кој траел цели 40 дена. Овој штрајк бил раководен од самиот Цветан Димов. Штрајкот завршил со победа на работниците, за кој тој ќе рече:
„Секој штрајк е школа за борбено кршевање на работниците. Ако правилно ги извлекуваме и користиме успесите и неуспесите на штрајковите, ние ќе се оспособиме за вистински раководители на народот.“
358700730_1459933611503403_4572883162223554707_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *