НА 29. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ НАЈДАТ СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА И ПРЕДЛОГ ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЛУНА ПОП КОСТОВА

WEB Телевизија во живо

Својата 29. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи во понеделник, на 17 јули, На оваа седница, Советот ќе расправа по предлог- измените и дополнувањата на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023 година. На дневен ред ќе се најде и Предлог-Одлуката за исплата на финансиска помош во висина од 300.000 денари на лицето Луна Поп-Костова од Гевгелија, на која од здравствени причини и е потребно медицинско лекување во Турција. Исто така, ќе се разгледува и Годишниот план за вработување на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година, како и по неколку Предлог-Одлуки за давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија.
 
Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, по барања на физички лица, ќе се разгледуваат иницијативи за изработка на ДУП и Урбанистички проекти. На 29. седница, покрај тоа што членовите на Советот на Општина Гевгелија ќе бидат информирани за состојбите со постапувањето по барања за утврдување на правен статус на бесправно-изградени објекти и занаетчиската дејност во општина Гевгелија, ќе имаат можност да поставуваат советнички прашања до Градоначалникот на општина Гевгелија. 29. седница ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *