МУЛТИМЕДИЈАЛНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ФОЛКЛОРОТ И ТРАДИЦИЈАТА НЕГУВАНИ НИЗ ВРЕМЕТО“

WEB Телевизија во живо

Фолклорот ги прикажува хероите како бранители на татковината и кај нив буди чувство на гордост. Членовите на Литературниот клуб при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Емилија Старделова, заедно со ансамбл за традиционална музика и игра Ансамбл „Бојмија“ Гевгелија се претставија со мултимедијалната манифестација „Фолклорот и традицијата негувани низ времето”.
 
Всушност, тоа беше и причината за одржување на завршниот настан, одбележувајќи ја работата на Литературниот клуб во второто полугодие- ретроспекција во битот на македонскиот народ и неговото влијание во создавањето културни обележја на една нација.
 
Ученичките се претставија со читање историографски податоци, како и песни од народното творештво, а сето тоа беше поткрепено со емитување инсерти од документарци со фолклорна тематика и настапот на Ансамбл „Бојмија“ со „Влашки игри“.
 
Менторката Емилија Старделова изрази благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; JOУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за поддршката, како и до Ансамблот „Бојмија“ за учеството на „Фолклорот и традицијата негувани низ времето“ во рамки на „Гевгелиско културно лето“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *