КИНЕТИЧКАТА ИНСТАЛАЦИЈА НА КОВАНЦАЛИЕВ НИ ГО ДОБЛИЖИ УБАВОТО И НЕПОЗНАТОТО

WEB Телевизија во живо

На 17- ти јули 2023 година, пред платото на Домот на културата во Гевгелија, гевгелискиот уметник, м-р Перо Кованцалиев ја претстави својата најнова инсталација„ИМПУЛСИ, ОДБЛЕСОЦИ, ТРЕПЕРЕЊА“… како дел од програмата на Гевгелиско културно лето.
 
Овој негов проект e кинетички монументален рефлективен објект во физичката стварност и претставува одраз на убавото и непознатото како едно во општествениот систем. Создава визуелни вибрации од површински бранувања и треперења, кои не откриваат ништо повеќе од тоа што се.
 
Кинетичката инсталација го доближува убавото и непознатото, присутно како дел од технократската култура во нашето секојдневие и тежнее кон нејзино редефинирање во општествените културни сфери.
 
Ликовната инсталација ја сочинуваат неколку кинетички објекти кои се придвижуваат со електрични мотори аплицирани на различни метални конструкции што образуваат различни движења.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *