КАЈ МЛАДИТЕ РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА

WEB Телевизија во живо

Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување за упис во средно училиште за учебната 2023/24 година, се запишале вкупно 15.481 ученици, информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Како што соопштија, 4.603 се запишани во гимназиско образование, а 10.277 во стручно. 
 
Учениците кои се на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24:00 часот. Пред една деценија, имаше голем интерес за гимназиското образование и за средните медицински училишта.
 
Што се однесува до СОУ „Јосиф Јосифовски“, во првото и второ пријавување за упис во ова училиште за учебната 2023/2024 година во гимназиското образование се запишани 94 ученици, додека во стручното образование, тој број изнесува 117 ученици., во шестте постојни струки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *