ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЌЕ АПЛИЦИРА ВО ИПА ПРОГРАМАТА СО ПРОЕКТ „МУЗЕЈ НА ДОЖИВУВАЊАТА“ ВО ПРОСТОР СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во рамките на Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2021-2027 отворен е Повик за предлог концептни идеи во рамките на Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен,туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“со краен рок на аплицирање до 24.07.2023 година.
 
Во рамките на овој Повик, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со своите партнери, Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград, Република Бугарија планираат да аплицираат со предлог идеја за креирање на т.н. „Музеј на доживувањата во регионот“.
 
Ова, на денешната седница на Советот на Општина Гевгелија го образложи директорот на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев. Затоа тој побара, а советниците ја изгласаа Одлуката за давање на користење на деловен простор без надомест на 5 години на деловен простор на Општина Гевгелија на улица „Маршал Тито“ број 144 со површина од 265 квадратни метри, за потребата на овој проект.
 
Во рамките на овој предлог концепт, како што истакна директорот Камчев, се планира да се создаде музеј во Гевгелија во веќе постоечка зграда на општината која ќе биде реконструирана и адаптирана за потребите на музејот. Покрај реконструкцијата ќе се набави и соодветна опрема и целосен внатрешен ентериер за објектот со цел да се добие еден комплетен музеј за сетилата, нов туристички производ и комплетно нова идеја во нашиот регион, нашата држава и пошироко.
 
Во рамките на музејот ќе се направи една „Соба на доживувања“ во која ќе има можност да се проектираат повеќе сценарија односно искуства од регионот (пр. Дојранско Езеро, Моноспитовско блато, манастир, подготовка на традиционална храна, некаков автентичен производ од нашиот регион…). Ќе се креираат повеќе вакви сценарија од повеќе локации и области од регионот, а ќе има просторија во која ќе бидат изложени и повеќе експонатиод локации и знаменитости од регионот во зависност од желбите и можностите на општините.
 
Планирано е да се направи и мал дел за дегустација каде при одржување на некои настани или презентации, општините, организациите и компаниите од регионот ќе може да ги презентираат своите проекти и производи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *