ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ „ОД СРЦЕ ЗА ЛУНА“ – НАШЕТО МАЛКУ ЗА ЛУНА ЗНАЧИ МНОГУ

WEB Телевизија во живо

Болеста на 14- годишната Луна Попо Костова се чини ја крена на нозе не само Гевгелија, туку и повеќе градови низ Македонија. Сета работа за собирање на 80.000 евра за неопходната операција во Турција започна со објавување на телефонските броеви за донирање на финансиски средства, за да потоа дечињата од Гевгелија, Валандово и Скопје ја земат работата во свои раце.
 
Тие ги продаваат своите домашно направени колачиња, мафини, крофни, лимонади, герданчиња и слично, се со една цел – да ù помогнат на Луна.
Музичарот Георге Попов организираше свирка во кафе барот „У“ каде се собираа донации.
Наредната недела, во петок, на 21 јули 2023 година, на Градскиот плоштад во Гевгелија ќе биде организиран хуманитарен концерт „Од срце за Луна“
 
Концертот го организираат Општина Гевгелија, Центарот „Мајка Тереза“, ОО Црвен крст Гевгелија, Дневниот центар за лица со попреченост, ЗГ „Калинка“ и ЗГ „Внимание“
На концертот ќе настапат Драмската, ликовната и секцијата за ударни инструменти при Дом на култура“, Танцовото студио „Мистик“, како и бендот „Небула“
 
Веќе година и пол Луна, заедно со поддршка на својата мајка Елена, храбро се бори со сколиозата која е во последен стадиум и бара итна операција во ACIBADEM Турција.
Затоа, драги хумани луѓе, да ги отвориме нашите срца, затоа што нашето малку за некој значи многу.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *