ГЕВГЕЛИСКИ ЕНИГМАТИЧАРИ НАСТАПИЈА НА ТУРНИР ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ЕК „СПИРО ПРИЛЕПЧАНСКИ“ ОД ШТИП.

WEB Телевизија во живо

Димитар Ќаев и Јован Франгов од екипата на „Цепи Ум“ од Гевгелија, во саботата, на 1 јули, зедоа учество на турнирот во брзо решавање на крстозбори, скандинавки и други енигматски дисциплини во Штип, кој го организираше Енигматскиот клуб „Спиро Прилепчански“.
 
Турнирот се организираше по повод 30 години постоење на овој клуб, кој името го носи по доајенот на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, “Џебна крстословка”, новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија, Спиро Прилепчански.
 
На овој турнир, покрај домаќините, учество зедоа и 20 натпреварувачи од Охрид, Радовиш, Гевгелија и Скопје.
Како што ни изјави Димитар Ќаев, наградите биле во втор план, Јован Франгов бил втор во решавање анаграми, додека Димитар Ќаев петти во вкупен пласман, Важно, вели Ќаев беше другарувањето на енигматичарите, и пропагирањето на енигматиката, која во ова време на социјални медиуми доживува тешки моменти.
 
Димитар најавува, а „Тв Нова 12“ искрено го поддржува неговиот план, некаде на почетокот на новата учебна година, во основните училишта во Општина Гевгелија да се организираат натпревари во енигматика. Со тоа, потенцира тој, би се заинтересирале младите, како пред 20 до 30 години, да го засакаат овој „спорт“ на умот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *