EВРОПСКА ТУРНЕЈА НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ПРЕСТИЖНИ ФЕСТИВАЛИ ВО СРБИЈА И ХОЛАНДИЈА

WEB Телевизија во живо

Ансамблот „Бојмија“ замина на двонеделна турнеја во Србија и Холандија, каде ќе настапи на три престижни фестивали.
 
Од 8 до 11 јули во општина Мало Црниќе ќе се одржи третиот меѓународен фолклорен фестивал „Стиг фест“. Покрај Србија, учествуваат и фолклористи од Македонија со ансамблот „Бојмија“ Гевгелија, Турција со здружението на млади и спортски клубови на ора „Изник“, и Црна Гора со КУД „Дуга“ од Беран. Настапуваат и фолклористи од Бугарија, односно ансамблот „Здравец“ од Софија, додека ансамблот „Рудки“ од градот Жешов доаѓа од Полска.
 
Од 14 до 16 јули, ансамблот патува во Холандија, каде ќе земе учество на фестивал во градот Стендерен. Организатор на овој фестивал е Фолклорната група „De Iesselschotsers“ од Стендерен во Холандија, основана на 1 декември 1981 година, која има за цел да го шири и почитува фолклорот на источниот дел на Холандија преку ора, музика и песни.Освен „Бојмија, најавени се и ансамблите HOPSANI Estland, Roesalka, Ukrainе, De Schermerdansers и домаќините „De Iesselschotsers“
 
Од 18 до 23 јули Ансамблот „Бојмија“ ќе настапи и на 16-то издание на Светскиот фолклорен фестивал Шаген, еден од 3-те најважни фестивали поврзани со културното танцово наследство во Холандија. Една недела ќе се слави богатиот танц и култура на групи од Македонија, Словачка, Индонезија, Холандија и Полска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *