ЕЛЕНА И ДАМЕ ЃУРОВИ УЧЕСНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ-ДРЕН 2023“ ВО ПРИЛЕП

WEB Телевизија во живо

По 15 пат во Центарот за Култура „Марко Цепенков” во Прилеп, во летната сцена се одржува меѓународната ликовна колонија „Дрен 2023“. На колонијата, која се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, учествуваат 19 уметници од земјава и од странство.
 
Меѓу нив се и уметниците од Гевгелија, брачната двојка Елена и Даме Ѓурови. Тие, заедно со останатите уметници работат во повеќе дисциплини: скулптура, инсталација, сликарство и користат различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер. Се очекува годинава да се создадат 40 дела.
 
Создадените дела на колонијата ќе бидат презентирани на изложба во Центарот за култура, а претставување ќе има и во повеќе градови низ земјава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *