ДРЖАВЈАНИН ОД РОМАНИЈА КОЈ ПРЕСТОЈУВАЛ ВО ГЕВГЕЛИЈА СПАСЕН ПРЕКУ БРОЈОТ 112 И ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

WEB Телевизија во живо

Романски државјанин кој имал срцеви проблеми , а престојувал во Гевгелија, е спасен преку Единствен број за итни случаи 112 во соработка на македонските и грчките служби и Итната медицинска помош од Општата болница со проширена дејност Гевгелија. По дадената првична помош од страна на дежурен интернист , романскиот државјанин со возило на Брзата помош е итно префрлен на Скопските клиники.

Имено, Центарот за управување со кризи информираше дека повикот е примен доцна синоќа и дека најверојатно поради близината на границата, првично повикот е примен на базна станица во Грција по што грчката служба остварила контакт со македонската служба и по лоцирањето на романскиот државјанин интервенцирала Итната медицинска помош од Гевгелија, тој е спасен.
 
– Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на две држави (Р. С. Македонија и Р. Грција), за спасување на граѓанин од трета држава (Р. Романија) ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на Европскиот единствен број за итни случаи 112, велат од ЦУК.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *