ДР. ХРИСТИНА ЉОКОВА НАЈДОБАР ДИПЛОМИРАН СТУДЕНТ НА СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Центарот на кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, согласно склучениот меморандум за соработка со ПРОМЕДИКА стоматологија (PROMEDIKA dental), додели ваучери за финансиската поддршка на најдобро дипломираните студенти на Факултетот кои дипломирале во учебната 2021/22 година.
 
Д-р Христина Љокова е родена 01.10.1997 во Гевгелија. Основно училиште завршува во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. Средно медицинско училиште завршува во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ на насока забен техничар. Високото образование го започна во учебната 2016/2017 година на Стоматолошки факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма Доктор по дентална медицина. Дипломира во 2022 година, како најдобар студент во генерацијата.
 
Двата најдобро дипломирани студенти од студиската програма за доктори по дентална медицина, добија ваучер од ПРОМЕДИКА стоматологија (PROMEDIKA dental) со 50% попуст за набавка на опрема од давателот на финансиската поддршка за отворање на сопствена здравствена установа, додека пак најдобро дипломираниот студент од студиската програма за стручни забни техничари доби ваучер со 30% попуст за набавка на заботехнички материјали.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *