ДЕНЕС Е 6 ЈУЛИ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БАКНЕЖОТ

WEB Телевизија во живо

6 јули е одбран како Меѓународен ден на бакнувањето, откако во Велика Британија се одржа натпревар во оваа дисциплина пред неколку години. Тековниот светски рекорд во должина на бакнеж е 58 часа, 35 минути и 38 секунди.

Во просек, луѓето поминуваат околу 400 часа во бакнување, а една минута од еден страствен бакнеж согорува калории колку што со една минута брзо одење.
Првите траги во историјата поврзани со бакнувањето се појавуваат 15 века пред нашата ера. Тогаш, бакнувањето се поврзуваше со мирисот. Во доказите од 1.500. години п.н.е. бакнежот е опишан како душкање.

Кралот Хенри Шести забранувал бакнување во Англија во 1439 година, а во Неапол во 16 век за бакнување дури се казнувало со смрт.
Строги закони сè уште постојат и денес. Во исламските земји, може да завршите во затвор заради изразување на нежност во јавноста, но и во многу земји, како Русија, не е многу пожелно да се бакнувате во јавност.
 
Првото снимање на бакнеж со камера е направено во 1896 година. Филмот „Бакнеж“ ,кој предизвика бура во јавноста, но и голем интерес на љубопитната јавност.
Бакнежот за добро утро или пред да заминете на работа ги прави партнерите посреќни, позадоволни, но и го продолжува животот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *