„Д ФЕСТИВАЛ 2023“, СИМБОЛОТ НА ЉУБОВТА И МУЗИКАТА ВЕЧЕРВА ЈА ЗАТВОРА СВОЈАТА ТРИДНЕВНА ПРОГРАМА

WEB Телевизија во живо

“Д Фестивал”, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат се одржува во Дојран, вечерва ја затвора својата програма. На овогодишното издание настапија повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма. Повеќе од 50 светски, регионални и домашни изведувачи настапуваа на пет фестивалски бини

Д фест започна како реакција на непостоењето на фестивали од таков тип во Македонија. Пасворд продукција, инаку позната по својата тврдоглавост во неприфаќање на состојби на неизлезност во културата и овој пат како и секогаш во својата 25 годишна историја во 2011 година започнува нешто сосема скромно кое денеска е познато како најголемиот и најомилениот летен фестивал во Македонија.

 Тоа што денес е тродневна прослава на позитивната атмосфера преку музика, филм, театар…претставено на неколку бини и фестивалски камп а посетено од 15000 насмеани лица, пред 12 години имаше навистина друга форма која можеби и не ветуваше дека овој фестивал ќе израсне во тоа што е денес, симбол на заедништвото, убаво поминатото време, дружењето и на крај на денот љубовта. 

Токму таа, љубовта е основниот двигател и мотив на сите присутни на фестивалот, организаторите, артистите и публиката. И сето тоа на Дојранското езеро, мало ама жилаво…токму како сите нас. Мал ама силен магнет за стотици интернационални, регионални и локални артисти:

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *