Хорот ,,Гортинија” пристигнаа во Шпитал ан дер Драу, центарот на светската хорска уметност деновиве. Во подножјето на австриските Алпи, градот восхитува со спојот на традиционалното и современото, а пречекот од домаќините е повеќе од срдечен. Во моментов Хорот се подготвува за отварањето на најстариот европски хорски фестивал, заедно со хоровите од Австрија, Калифорнија (УСА), Канарските Острови (Шпанија), Словенија, Тајланд и Швајцарија, со кои заедно ќе ја испејат композицијата ,,Зумерланг”. Самото учество на овој фестивал претставува огромно достигнување за сите учесници.
Како што е познато, Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија ќе земе учество на 57-от Меѓународен хорски натпревар 2023 година, кој од 6 до 9 јули, ќе се одржи во замокот Порсија во градот Спитал ан дер Драу, во Корушка, Австрија, На натпреварот, ќе настапат 10 хорови од 10 земји, и тоа, Индонезија, Канарски острови, Македонија, Полска, Швајцарија, Словенија, Тајланд, Украина, САД и Австрија.