98 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА – ДУЊА, ПРВАТА И НАЈМЛАДА МАКЕДОНСКА ПАРТИЗАНКА

WEB Телевизија во живо

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња , млада македонска партизанка во НОВ, која загинала на 6 декември 1942 година кај велешкото село Папрадиште, кога партизанскиот одред „Димитар Влахов“ бил нападнат од бугарската полиција.
 
Дуња е учесник во НОБ од почетокот, односно од 1941 година и на 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.
 
Дуња станува борец на Скопскиот партизански одред при неговото создавање на 22 август 1941 година. По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а потоа во Струмица.
Помагала во подготовките на Струмичкиот партизански партизански одред во летото 1942 година. Во мај 1942, во отсуство, таа била осудена на 7 години строг затвор, а во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
 
Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ставена на кол ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *