96 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

WEB Телевизија во живо

„СВЕСТА И ЧУВСТВОТО ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ ТРЕБА ДА СТОЈАТ ПОВИСОКО ОД СЕ ДРУГО НА СВЕТОВ“
 
Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија.
Во статијата „Македонскиот национализам“, Мисирков ќе напише:
Најважниот услов за соработката помеѓу Србите, Бугарите и Македонците е, меѓутоа, полната слобода во самоопределувањето на Македонците. И ете за последново прашање јас го истакнав принципот на македонскиот патриотизам и национализам, како наполно неутрален и задоволувачки и за Србите и за Бугарите и за Македонците; засега можеби поправилно би било да се рече дека еднакво не ги задоволува ни Србите, ни Бугарите, ниту пак Македонците.
Бидејќи од српско-бугарската несогласност страдаме пред се’ ние, Македонците, наш долг е да го бараме средството и патот за помирувањето. Тоа не’ тера „да не си ја знаеме” до денеска народноста и да им кажеме и на Србите и на Бугарите: заборавете ја својата великосрпска и великобугарска идеја, откажете се да ни го натрапувате вашиот национализам и патриотизам, во основата на кој лежи претпочитувањето на вашите интереси пред нашите. Дајте ни да си имаме свои разбирања за нашите односи спрема вас и спрема вашиот спор за нас и за нашата татковина, како и за средствата со кои ќе се дојде до општо јужнословенско добрување. Дајте ни да си имаме свои, македонски национални чувства и да создаваме македонска култура, како што сме го правеле тоа со векови и кога нашата татковина не влегувала во една држава со вашата.
Како Македонци, ние ќе бидиме пополезни и на Македонија, и на Бугарија, и на Србија, воопшто на целото јужно словенство, отколку како Бугари или Срби.
Како Бугарин јас одамна би рекол: Каква ти Македонија! И тука ми е добро, нема зошто да мислам за она што е веќе загубено. Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се’ друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште.
Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам, изјаснет преку „простачките умувања на еден човек што уште не си ја знае народноста“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *