25 ЈУЛИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДАВЕЊЕ

WEB Телевизија во живо

СЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ УДАВИ, НО НИКОЈ НЕ ТРЕБА!
 
Секој може да се удави, никој не треба.
Давењето предизвика над 2,5 милиони смртни случаи во последната деценија. Секоја година во светот умираат 236 000 луѓе. Огромен број од овие смртни случаи дури 90% се случуваат во земјите со низок и среден приход. На глобално ниво највисокати стапки на давење се појавува кај деца на возраст од 1-4 години а потоа следат деца на возраст од 5-9 години. 
 
Давењето е трета водечка причина за смрт од ненадејни повреди во светот, што претставува 7% од смртните случаи поврзани со повреди.Најголемиот број на случаи на давење се случуваат во реки, езера, бунари, домашни бунари за складирање на вода и базени. Се нагласува дека децата и адолесцентите од руралните области се несразмерно погодени.
 
Човечката, економската и социјалната загуба со овој вид на катастрофа е неподносливо висока и целосно може да се спречи!
Слоганот за одбележување на Светскиот ден за превенција од давење гласи: Секој може да се удави, но никој не треба!
 
Во 2023 година 76- тото Светско здравствено собрание ја усвои својата прва резолуција за превенција од давење. Резолуцијата го прифаќа предлогот на Генералното собрание на Обединетите нации за Светската здравствена организација (СЗО) да ги координира активностите во рамките на системот на ОН за превенција од давење и да биде лидер во одбележувањето на Светскиот ден за превенција од давење на 25 јули секоја година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *