ЗАВРШНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ГЕВГЕЛИЈА ВЕЛО ГРАД“

WEB Телевизија во живо

Придобивките од проектот „Гевгелија Вело град“, кој го спроведуваше АМД „Дичо Панов“ од Гевгелија, заедно со Општината Гевгелија и Гевгелија точак клуб од 1 јули 2022 година до 31 мај 2023 година, денеска пред пошироката јавност, во малата сала на Народниот театар, ги презентираше Виктор Гавровски од друштвото АМД Дичо Панов Гевгелија.
 
Тој истакна дека овој проект пред пошироката јавност се промовираше преку изработка на видео спот, мултимедијално анимирано видео,изработка на прирачник на добри практики за велосипедизам од повеќе европски држави вклучително и од Балканот, едукативни работилници во основните школи и средношколскиот училишен центар, работилници со јавната администрација, урбанистичките планери, туристичките работници.
 
Изградена беше, посочи Гавровски, патека во должина од над 4 километри во месноста Долна Корија кај Негорски Бањи која треба да биде дополнителна туристичка атракција за Гевгелија. Кон средината на мај, на оваа „оф роуд“ патека се одржа Гевгелискиот Велотлон на кој учествуваа стотина велосипедисти од земјава и странство.
 
АМД Дичо Панов Гевгелија кој го спроведуваше проектот Гевгелија Вело Град по завршувањето на проектот на 31.05.2023 година на Општина Гевгелија и ги отстапи на користење 10-те велосипедски паркинг рампи со вкупен капацитет за 60 велосипеди кои ги користеше за време спортскиот настан со натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон.
Отстапената велосипедска инфраструктура Општина Гевгелија ќе ја распореди на места во општината и градот Гевгелија каде смета дека е најмногу потребна.
 
Како што вели Виктор Гавровски од друштвото, проектот за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите имаше за цел да укаже на одредени состојби како и зголемени потреби со крајна цел создавање на подобри услови за велосипедистите во Општина Гевгелија, како и да иницира здрави животни навики и развивање на спортскиот дух кај младите во Гевгелија.
 
На завршната презентација, присутните, меѓу кои беа и претседателот на ГТК, Венци Ристов, претставникот од ОВР Гевгелија, Горан Динев, директорот на Негорски Бањи, Јаневски како и Живко Мурџев, можеа да разменат мислења и предлагаат идеи за подобрување на состојбите и инфраструктурните потреби за создавање на подобри услови за велосипедистите во Општина Гевгелија.
 
„Гевгелија Вело град“ е проект на АМД Дичо Панов Гевгелија за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите во Општина Гевгелија. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан 2 – ReLOaD2 Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската Унија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *