ВО УЧЕБНАТА 2023 / 2024 ГОДИНА, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗАПИШАНИ 228 ПРВАЧИЊА.

WEB Телевизија во живо

ВО УЧЕБНАТА 2023 / 2024 ГОДИНА, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗАПИШАНИ 228 ПРВАЧИЊА.
 
Во септември, годинава, 228 првачиња ќе седнат на училишните клупи во основните училишта од општина Гевгелија. По завршувањето на уписот на првачиња во учебната 2023/2024 година, во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија се запишани 86 првооделенци, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија 100, во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци“ 21, и исто толку, 21 во ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
 
Тоа се за 8 ученици повеќе од минатата година, а за 4 помалку од 2021 година.
 
Уписот започна од 1 мај и траеше до 31 мај, 2022 година, задолжителен за децата кои до крајот на декември 2023 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2017 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2018 година. согласно реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *