ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ПРИСТИГНА НОВИОТ 3Д ЕХО АПАРАТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА БРЕМЕНОСТА

WEB Телевизија во живо

Во Одделнието за гинекологија во Општата болница со проширена дејност Гевгелија пристигна нов 3Д ЕХО апарат за следење на бременоста, изјави за ТВ Нова 12, директорот на Болницата др. Митко Крџев
Апаратот е набавен претежно со сопствени средства на Општата болница, како и со средства добиени од Општина Гевгелија, и донации на неколку гевгелиски фирми: Конти Хидропласт, Ноел, Дичо Панов, Љупчо-Марина и Меркјури.
 
Со новиот 3Д-ЕХО апарат, истакна Крџев, ќе може да се следи бременоста со гинеколошки ултра звук, абдоменален ултра звук, како и скрининг на фетални аномалии, со што ќе се зголеми контролата на бременоста и ќе се избегнат несакани последици кај идните мајки и деца.
 
Инаку, во моментот, потенцираше директорот Крџев, се врши реновирање на Интерното одделение при Општата болница, при што се менува внатрешната столарија и се изведуваат молерофарбарски работи. До крајот на неделата се очекува да се заврши со реновирањето, додека пациентите се префрлени во дневниот оддел на Интерното одделение.
 
Во текот на наредната недела, како што информираше директорот, ќе се изведуваат молеро фарбарски работи и промена на дел на столаријата и на Одделот за гинекологија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *