УЛАФ СТЕ?, ПРВА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРЕТСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

Пред три години „ТВ Нова 12“ пишуваше за Мартин Ангелов од Битола и Радмила Периќ од Богданци, кои се запознале додека учеле во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” во Скопје, инаку, училиште за средно стручно образование за ученици со оштетен слух. При нивниот престој во странство тие виделе дека многу глуви лица отвараат свои бизниси, бутици, ресторани, винарии.
 
Во Скопје го отвораат кафулето – 02, тоа бил предлогот на некој Македонец кој живее во Белград кој образложил дека ‘02’ е повикувачкиот број за Скопје, дека нивното кафуле е мост меѓу два света, со нула звук и две раце.
По извесно време се селат во Битола, и во старата чаршија во Битола, стануваат сопственици на кафетеријата „Улаф сте“.
Токму нивната кафетерија е инспирацијата за првата театарска професионална претстава на македонски знаковен јазик за лица со оштетен слух.
 
УЛАФ СТЕ? (Are you crazy?) е прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност, а во продукција на АТО, Центар за современа уметност и култура, Битола
Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми.
 
Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница.
Автор / Режија Јован Ристовски Костимограф Марта Дојчиновска Сценограф Стефан Малбашиќ Драматург Билјана Крајчевска / Весна Куслеска Толкувач на знаковен јазик Катерина Шаркоска асс. Елизабета Георгиева Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов
Играат Наталија Ристеска Кристијан Танчевски Марија Стефановска Маја Андоновска Илијевски Сандра Грибовска Никола Пројчевски
Проектот е поддржан од Embassy of Switzerland in Macedonia
 
Авторот и режисерот на оваа „пионерска“ претстава УЛАФ СТЕ?” – “Are you crazy?”, Јован Ристовски вели дека таа е работена по лични искуства на глуви лица. Голема инспирација е Мартин Ангелов, кој е и соработник за знаковниот јазик во претставата, познат како газда на кафулето во Битола „Улаф сте”, кое го држи заедно со својата сопруга, богданчанката Радмила Периќ . Драги луѓе, вели Ристовски, не можам да прекинам да се восхитувам на чистата радост, возбуда и среќа што ја доживува Мартин, според мене тој е Херој и пример за целата глувонема заедница во Македонија.
 
Инаку, Јован Ристовски припаѓа на младата генерација театарски режисери кои се непоколебливи во начинот на кој ја создаваат синкретичната уметност. Препознатлив е по тоа како ги нагласува општествените предизвици на театарската сцена, но дефинитивно најсилните аплаузи ги понесе со неговата инцијатива да создава претстави на знаковен јазик. Па, така, конечно, во Македонија во театар се присутни и деца и возрасни кои имаат оштетен слух и говор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *